Најсофистицираната протетска рака конечно на пазарот (видео)

Речиси две години откако ги доби сите потребни дозволи, протетската рака на компанијата DEKA најпосле ќе се појави на пазарот и ќе им ги олесни животите на луѓето што имаат изгубено рака.

Под име LUKE, оваа рака е изум на Дин Камен од американската воена агенција DARPA, и нуди голема флексибилност и можности кои до сега беа незамисливи во технологијата на протетиката. Наместо еден мотор, LUKE има три – на рамото, лактот и дланката. Резултатот е – значително повеќе можности за движење, фаќање на предмети над главата, кревање на релативно тешки предмети од подот, како и нивно лесно користење.

Раката има двонасочен комуникациски систем. Електродите му овозможуваат на корисникот да ја ра движи раката со мускулите, а уредот потоа добиените информации ги „праќа“ до корисникот по пат на сензори. Се работи за контрола која подразбира движење на раката со умот.

Уште не е познато колкава ќе биде цената на ова чудо на технологијата, но некои шпекулираат дека може да достигне и до неколку илјади долари.

Во следново демонстрационо видео ќе ја видите раката во улога на пренесувач на јајца – процес што подразбира голема деликатност, прецизност и ускладеност на повеќе „мускули“ одеднаш.

Инаку, да, именувана е LUKE по Лук Скајвокер, кој ќе ја изгуби раката во битката со неговиот татко.

- Реклама -