Колку е големо срцето на синиот кит?

blue whale heart

Со оглед на тоа што е најголемото животно што некогаш живеело на планетава, очекувано е синиот кит да има рекордно големи внатрешни органи.

Приказните зборуваа дека неговото срце е големо колку автомобил, и дека аортата е доволно голема за низ неа да може да преплива човек. Сепак, заради малиот број најдени и сочувани примероци, тешко беше да се одреди вистината.

Па така, кога мртов син кит заринка на брегот во Њуфаундленд, Канада, пред околу една година, научниците видоа одлична шанса. Тим од Кралскиот музеј на Онтарио (ROM) беше пратен да го дисецира 23.3-метарскиот труп на китот кој умрел откако се нашол заробен во мраз. Така, неговото срце е првото анатомско зачувано срце на син кит.

Жаклин Милер, дел од тимот, раскажува дека при процесот на вадење на срцето, биле во крв до половината.

„Беа потребни четворица за да го истуркаме срцето низ отворот што го направивме меѓу ребрата и страната на градната шуплина“.

Испадна дека срцето на синиот кит не е колку кола, ама затоа е големо колку количка за голф. Аортата исто така не е доволно голема за да собере човек, но е доволно голема човек да бутне глава во неа. Срцето тежи 180 килограми и пумпа 200 литри крв при едно отчукување.

- Реклама -