Да те пуштат во модерен Њујорк по 44 години поминати во затвор

img-my-life-after-44-years-in-jail-246[1]

Замисли последниве 44 години да си бил во затвор и одеднаш да те пуштат среде Њујорк на Тајмс Сквер, среде сите тие видео бимови со реклами, среде толпата од народ што не гледа каде оди туку зјапа во телефоните, си зборува сам со себе и има жици во ушите како сите да се CIA агенти. Замисли да влезеш во супермаркет каде што има милион видови на путер од кикирики; кој ќе одбереш да го пробаш? Тој со желе? Тој со чоколадо? Тој со желе И чоколадо?

Отис Џонсон завршил во затвор кога имал 25 години, за обид за убиство на полицаец. Излезе на 69 години. Да беше белец, веројатно ќе одлежеше максимум 10 години за таквото дело, но тоа беа 70-тите – тешки времиња да се биде црн во Америка.

Во меѓувреме, светот се смени до непрепознавање. Отис е еден од ретките што може да го погледне објективно, без и самиот да биде афектиран. Смета дека тоа што се случува е лудило. Затоа преферира да шета по паркови и да медитира.

- Реклама -