Во меѓувреме, на Меѓународната вселенска станица

Кога првпат астронаутите ќе пристигнат во вселената, не се снаоѓаат баш најдобро. Им се врти, им се лоши, се чувствуваат дезориентирано. Тоа е затоа што се наоѓаат во микро-гравитација, а течноста во внатрешното уво исто така лебди, па мозокот прима измешани сигнали од очите и ушите, кои го бунат центарот за рамнотежа. Тоа обично трае првите 24 часа (некогаш и до 48), по што мозокот се адаптира и научува да го изгаси вестибуларниот систем, а повеќе да се потпира на видот. А кога тоа ќе се случи, малку е тешко да се вратиш на стариот ти – тој што му се врти. Како што демонстрира Тим Пик во видеово, единствената мачнина што ќе ја добиеш е од акцелерацијата, но и таа исчезнува за неколку секунди. Мошне импресивно.

- Реклама -