Трето злато и нов светски рекорд за Болт (видео)

Машката штафета на Јамајка предводена од неверојатниот Јусеин Болт постави нов светски рекорд во трката 4х100 метри, минувајќи ја патеката за време од 36,84 секунди.

Тоа е првпат во историјата на атлетиката една штафета да трча под 37 секунди, а им успеа на фантастичните спринтери од Јамајка. Болт ќе си замине дома од Лондон со три златни медали и со еден нов, светски рекорд.

Секако, големи заслуги за овој светски рекорд имаат и останатите тројца атлетичари од штафетата на Јамајка, Неста Картер, Мајкл Фрејзер и Јохан Блејк.

{youtube}kfhrcCEanO0{/youtube}

Американците исто така беа одлични, ја минаа патеката за време од 37,04 секунди, со што го израмнија претходниот светски рекорд на Јамајка. Третото место на оваа трка го освоија Канаѓаните, но поради лоша измена беа дисквалификувани, па бронзениот медал ќе им припадне на атлетичарите на Тринидад и Тобаго.

- Реклама -