Сите победи на Гренд Слем турнирите на Ноле

Од почетокот на 2008-та и тој Австралиан Опен, каде го победува Цонга започнува една нова тениска ера. Баш во моментот кога Федерер нема противник, освен Надал на земјена подлога, се појавува токму Новак Ѓоковиќ. Оттогаш до денес 6 Австралии, 1 Ролан Гарос, 3 Вимблдона и 2 Ју Ес-а што е еднакво на 12. Чисто споредбено 2 до Надал и 5 до Федерер. А во годината има 4 Гренд Слема што значи, уште две години ваков тенис и историја. Останатото е кусур…

Еве видео во кое се собрани сите победнички поени на Гренд слем турнирите кои ги освои Ѓоковиќ. Повеќето од нив против Надал, Федерер и Мареј.

Погледнете како тоа го прави Ноле.

Еве го и Ролан Гарос

- Реклама -