Кина станува пустина

11(573)[1]

Секоја година, илјадници квадратни метри плодна земја се претвораат во песок во Кина. Таквата појава предизвикува сериозна загриженост, која расте со секоја измината година.

Стапката на опустошување е значително зголемена во последната половина на минатиот век. Иако според научниците трендот оттогаш се стабилизираше, ситуацијата останува исклучително сериозна.

На повеќе од четвртина од цела Кина ѝ се заканува претворање во пустина. Овој процес се должи на интензивното одгледување на земјоделски култури, животни, употребата на многу вода, а исто така и на климатските промени.

Пустината Гоби секоја година голта по околу 3600 килметри квадратни зелени пасишта. Според властите во Кина, ризикот од претворање на земјата во пустина е најголемиот еколошки проблем, а како што напоменавме, климатските промени уште повеќе го влошуваат.

Еколошките катастрофи носат и социјален ефект. Опустошувањето засега една-третина од населението на Кина, особено оние луѓе кои живеат во западниот и северниот дел на земјата. Со себе, промените носат и сериозни на полето на политичка и економска стабилност.

Пресметано е дека трансформирањето на земјата во пустина ја чини Кина околу 7 милијарди долари.

Фактот што речиси една-третина од земјата на Кина еродира, присилува милиони луѓе да се борат со намалена продуктивност на почвата, нестабилните климатски услови и недостигот од вода.

И поплавите оштетуваат земјоделско земјиште – околу 160.000 квадратни километри, секоја година – двојно повеќе отколку во 50-те години на 20-от век.

Уште еден фактор што го влошува проблемот е и ништувањето на шумите. Само 2% од шумите во Кина се недопрени.

Користејќи ја ерозијата на почвата и лошите реколти како изговор, владата на Кина уште во 2005 година почна да преселува милиони луѓе во областите каде земјиштето е „погостопримливо“.

22(100)[1]

Песочни бури

Песочните бури се капак на ситуацијата – и тие имаат голема заслуга во еродирањето на огромните земјишни површини. Пустината Гоби, која се протега во Кина и Монголија, е втор најголем извор на песочен прав, по Сахара.

Траги од Сахарскиот песок се откриени дури и во Нов Зеланд и на француските Алпи. Песочниот прав од Гоби (и Сахара), пак, ги чини корејската и јапонската економија по милијарди долари секоја година.

Вдишувањето на овој прав води до сериозни последици по здравјето на луѓето и животните. Научниците што го испитуваа азискиот прав најдоа поврзаност со низа кардиоваскуларни заболувања, како и такви на респираторниот систем.

Песочните бури пренесуваат и други токсични загадувачи, како бактерии, вируси, полен и габи. Микробиолозите тврдат дека овој тип на бури е заслужен и за зголемената стапка на случаи на инфекција со воздушни бактерии.

Обединети во борба со правот

Правот и песокот не признаваат меѓународни граници. Тие се проблем не само за земјите од каде доаѓаат, туку и за земјите во кои навлегуваат. На меѓународно ниво, напорно се работи за создавање на план кој ќе се справи со проблемот.

Министрите од Јужна Кореја, Јапонија и Кореја, на пример, секоја година се среќаваат и го разгледуваат досегашниот напредок или негативните последици.

Позитивни чекори има. Еден е што Кина не претендира дека опустошувањето на земјата е само нејзин проблем и е свесна дека тоа влијае и на многу други земји. Добар дел од нив се приклучија на проектот и почнаа подетално да се интересираат за тоа како можат да помогнат за надминување на проблемот со пустинските песоци.

- Реклама -