Промаја на Балканот
Ако сте корисник на јавниот превоз сигурно сте доживеале на 40 степени Целзиусови некој да ви го затвори прозорот во автобус со аргумент дека промајата е опасна по здравјето.
Можеби ќе започнете расправија и ќе се обидете да објасните дека промајата е исто што и ветерот или дека топлината е уште поопасна, а можеби и сами ќе се замислите: Кој знае? Можеби само на младите и здравите не им шкоди. Можно е и мене еден ден да ми прави проблеми.
Можеме ли да се разболиме од промаја или тоа е само мит?
Оваа интересна дилема ја отвори лани Коди Браун, блогер на страницата zablogreb.hr кој живее во Хрватска, а по потекло е Американец. Во интересен и духовит осврт се пожали на феноменот страв од промаја за кој тврди дека е составен дел од животот во Хрватска, но и во најголемиот дел од Балканот.
„Ветерот кој дува од едниот крај на станот до другиот или ладниот ветер во облачни денови може да предизвикаат бројни болести. Промајата е одговорна за сите болки во мускулите, главоболки и настинки со инфекции или дури и воспаление на мозокот“, истакнува Браун во текстот наречен „Поромаја или голем културен јаз меѓу нас“.
Браун вели дека тој и неговите пријатели Американци кои се навикнати да спијат со отворен прозор и традиционално сакаат ветер, никако не можат доволно да се изначудат и да се изнасмејат на стравот од промаја кој им се чини како некое балканско празноверие.
„Еден мој пријател кој се ожени со Бугарка одлично го кажа тоа: Во Бугарија џемпер е нешто што детето го носи кога на мајакта и е ладно“.
Но, дали промајата е сериозна закана за здравјето?
Ако се обидете на Интернет да пронајдете текст за последиците од промаја ќе ви се отворат исклучиво алтернативни страници за киропрактичари, акупунктура и слично. Тешко дека ќе најдете некој сериозн медицински магазин кој се занимава со промаја.
Професор доктор Симеон Грацио и уредник на магазинот Физикална и рехабилитациска медицина има објаснување зошто е тоа така:
„Нема научни докази дека постои последнична врска меѓу промајата и болките во грбот, вратот и слично. Некои луѓе може да го тврдат спротивното врз основа на лични искуства, меѓутоа кога зборуваме за медицина заснована на докази тука има најнизок степен на докажување. Во стручните магазини може да се објават статии за нив, како приказ на случаи, но тоа е премал број на таканаречени докази за да може да се зборува за причинско-последична врска“.
Може ли да се настине од промаја?
Ако им веруваме на експертите, промајата нема да предизвика главоболки, воспаление на мозкот и слично. Но, можеби има нешто вистина во тоа дека човек на промаја може да настине или евентуално да добие воспаление на белите дробови?
Примариус доктор Рок Чивљак вели дека ни тој мит не е точен.
„Промајата дефинитнвно не предизвикува заразни болести. Настинката ја предизвикуваат вируси, тоа нема врска со промајата. Тоа се коси со сите начела на нашата струка. Можеби промајата ќе ги разнесе вирусите од тлото и така ќе го контаминира воздухот, но никогаш не сум слушнал дека постојат научни докази за тоа. Може само да се погодува“.