Бракот дебелее!

Последните истражувања покажуваат дека луѓето кои се во брак имаат двојно поголем ризик од дебелеење за разлика од луѓето кои не се во брак. Причина за ова е сериозно намалената физичка активност и постојаното седење и излежување пред телевизорот.

Размислете – колку килограми имавте пред да влезете во брак, а колку имате сега?

Интересно е што жените се далеку посклони да се здебелат во бракот отколку мажите, иако мажите се секогаш обвинети дека се дебелеат поради предолгото седење пред телевизор. Според најновото истражување, шансите жената да се здебели откако ќе влезе во брак се цели 63 %.

За да се спречи ова, треба двајцата партнери меѓусебно да се поддржуваат во исхраната, односно да се хранат здраво и правилно. Но освен тоа, секое слободно време треба да го искористат за некоја физичка активност, фитнес, прошетка, возење велосипед и слично. Во спротивно и двајцата уште од млади години ќе имаат проблем со вишокот на килограми.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -