Реинкарнација на Бугати од 1939 година

Скиците на Жан Бугати и неколкуте парчиња ќе послужат да се направи моделот кој го замисли синот на великанот на автомобилската индустрија. Оваа креација ќе ја видиме на ревијата во Пибл Бич.

Една од главните причини за падот на компанијата Бугати, по смртта на нејзиниот сопственик Еторе Бугати во 1947 година, е она што се случило девет години подоцна. Тогаш неговиот син Жан Бугати загинува при тестирање на нов автомобил. Во тоа време Жан бил многу талентиран конструктор и токму на него се сметало да ја преземе компанијата по смртта на татко му.

Непосредно пред да загине, Жан почнал да конструира целосно нов автомобил, кој никогаш не го довршил. Тој е создаван врз основа на шасијата на Bugatti Type 64 Coupe од 1939 година, од кој во денешно време останале 3 парчиња, и користи 8 цилиндерски DOHC мотор.

Еден дел  од шасијата, во сопственост на колекционерот Питер Малинс, им била дадена на студентите од Колеџот за дизајн во Пасадена, Калифорнија, од кои било побарано да го обноват возилото. За таа цел тие ги користат неколку скици кои Жан Бугати ги направил пред да загине.

Од нив се гледа дека вратите на автомобилот се во стил „пеперутка“ или како кај верзија Gullwing кои Mercedes ги стави на истоимениот модел многу години подоцна.

Алуминиумската каросерија на автомобилот веќе е подготвена и од неа се гледа дека возилото ќе личи на кабина на авион од пред Втората светска војна. Крајниот резултат ќе биде прикажан на ревијата во Пибл Бич, Калифорнија на 18-19 август. Сигурно тоа нема да биде оригинално Bugatti, но сепак ќе биде нешто уникатно.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -