Најдобриот спортски кабриолет што може да се купи во моментов

323(22)[1]

Ако сакате да се чаталите со најдобриот спортски автомобил без покрив на пазарот, ќе треба да си спремите над 260.000 долари. За таков, експертите го прогласија моделот Lamborghini Huracán LP 610-4 Spyder.

Тоа практично е верзија без покрив на најдобриот спортски автомобил од минатата година. Кабриолетот се одликува со 5.2-литарски V-10 мотор со моќност од 610 коњски сили. Трансмисијата му е седемстепена, а од 0 до 100 км/ч крева за само за само 3.4 секунди.

01-lamborghini-huracan-spyder-frankfurt-1[1]

Со оглед на фактот дека е кабриолет, моделот е малку потежок од овој со тврд покрив. Хидрауличниот покрив се собира за помалку од 17 секунди, додека суперкабриолетот се движи со брзина до на 50 км/ч. Додека покривот се собира, одзади се појавуваат два спојлера, за подобра аеродинамичност. Максималната брзина е 320 км/ч. Стартната цена на моделот е 267.545 долари.

- Реклама -