Детето што одби да ја продаде својата идеја за 26 милиони евра

103623349-160505104805-taylor-rosenthal-recmed-780x439.600x400[1]

Повеќето деца во тинејџерска возраст немаат претприемачки дух, ама 14-годишниот Тејлор Розентал е чудо не само во таа категорија, туку во конкуренција на сите возрасти. Тој е детето што го измисли автоматот „RECMED“ – апарат за брза достава на прва помош. Неговата идеја не само што заживеа, туку малиов доби парична понуда од 26 милиони евра за да ги продаде правата.

Tејлор е голем фан и бејзбол навивач, а генијалната идеја ја добил додека гледал како другарите му паѓаат на теренот, па се мачеле да ги санираат повредите затоа што не можеле да најдат фластер.

„Сте биле ли некогаш во парк и сте го пуштиле детето да игра, меѓутоа, тоа паднало и се повредило? Е, па, во такви ситуации сé што треба да направите е да одите до најблискиот RecMed автомат по фластер“, вели Розентал.

Веќе има испорачано околу 100 такви автомати во еден од најголемите авантуристички забавни паркови во САД – Six Flags, па не е ни чудно што добива понуди од голем број инвеститори. Неговиот финансиски потенцијал во моментов се проценува на 87.000 евра, ама Тејлор има далеку подобра замисла.

А да, понудата. Детево ОДБИ! Вели дека сака „да види до каде може да догура неговата идеја“. Или тоа, или барем некој да ја плати таа негова „подобра замисла“, која изнесува 50 милиони евра.

- Реклама -