Топ десет причини поради кои паровите се караат на одмор

Изборот на ресторан, други жени и мажи, алкохол… Ова се само некои од најчестите причини поради кои паровите се караат додека се на летен одмор.

Иако летниот одмор по правило важи за период во кој луѓето се одмараат и опуштаат, голем дел од паровите успеваат да создадат тензија додека се на плажа. Всушност, проблемите настануваат поради големиот број убавици во бикини и згодни потемнети мажи. Поради погледите по туѓите разголени тела партнерите постојано создаваат љубоморни сцена, а со тоа и проблеми на летувањето. Токму љубомората е најчестата причина за кавги на одморите, покажуваат најновите истражувања.

Понатаму, честа причина за несогласувања е изборот на ресторан или храната што ќе се јаде. Исто така, алкохолот може да создаде непријатна атмосфера, затоа што ако едниот партнер смета дека другиот претерува со пиењето, ќе настане тензична атмосфера.

Очигледно е дека кога паровите заминуваат на одмор, мала е веројатноста дека ќе се вратат со идилични спомени од заедничкото патување. Дури 80 отсто од паровите се караат најмалку два пати додека се на плажа, а 60 отсто го прават тоа во поголема мера додека се на одмор, отколку во останатите периоди од годината.

Десетте најчести причини за кавги на одморите се:

1. Мажот гледа во друга жена
2. Тој сака одмор исполнет со бројни активности и многу забава, а таа сака мирен одмор со долго лежење на плажа
3. Неможноста да се договорат околу изборот на храна
4. Еден од партнерите консумира премногу алкохол
5. Гледањето во патокази и мапи додека патуваат
6. Пакувањето (таа носи премногу работи, а тој премалку)
7. Времето што жената го троши во дотерување пред вечерните излегувања
8. Износот на потрошени пари
9. Стресот поради евентуалното доцнење на аеродром
10. Валутата (каде најповолно ќе ги променат парите)

- Реклама -