Logitech направи пикселиран дисплеј од 160 гејмерски тастатури

Користење на програмирани LED светилки како позадинско светло на копчињата на тастатурата не е нов трик за гејмерските компании, ама Logitech го однесе чекор подалеку и ја внесе технологијата во ново поле на користење. На гејмерскиот фестивал PAX East, Logitech искористи 160 од нивните LED G810 тастатури за да создаде масивен, пикселен дисплеј. Резултатот, наречен „Големиот ѕид на Logitech G“, беше искористен за прикажување на разни видео пораки и слики за време на фестивалот, вклучувајќи и комична верзија на еден 8-битен шутер – дело на компанијата iam8bit.

Всушност екранот од тастатури требаше да демонстрира дека светлото на секое едно од копчињата на тастатурата може да биде подесено по желба на корисникот и тој самиот да креира свои сопствени комбинации и шеми за секоја посебна игра. Мисијата е успешна, нема што.

- Реклама -