Штитници за потпетици

Али Стефенсон смисли патент за женски обувки благодарение на кој, сите жени ширум светот ќе и бидат вечно благодарни. Станува збор за гумени чепови, кои се поставуваат директно на флекниците, насловени Clean Heels.

Сите жени знаат дека токму флекниците, покрај стапалата, се оние што најмногу страдаат по бурна ноќ во некој ноќен клуб, помината во постојано танцување на високи потпетици. Со помош на Clean Heels ќе нема потреба од грижи дали скокањето ќе ги уништи вашите чевли, но, исто така, ќе може да му кажете збогум на утринското трчање кај чевларот.

Овие гумени чепови се, всушност, речиси незабележителни додатоци што се навлекуваат директно на потпетиците и ги заштитуваат од какви било оштетувања. Широкиот круг, пак, што допира до земјата додека одите, овозможува совршена рамнотежа во движењето на штикли и нема да дозволи да изгледате како да „одите на јајца“.

Уште една добра страна кај дизајнот на Али Стефенсон е тоа што ова помагало покрај тоа што има одлична примена, може да служи и како впечатлив моден додаток. Нејзините модели се навистина интересни и доаѓаат во повеќе варијанти, со цветови, бисери, ѕвезди и многу други штосни елементи. Исто така, ги има во повеќе бои, и тоа бела, црна и проѕирна, што ги прави совршени модни додатоци за вашите чевли.

Цената е, исто така, привлечна и во зависност од моделот на гумени чепови за потпетиците, се движи околу четири фунти.

- Реклама -