Кем: „Шумахер е неподвижен и не може да зборува“

v213748[1]

Здравствената состојба на легендарниот Шуми и денес – на две години од несреќата што се случи при скијање на француските Алпи – е „врвна тајна“, по барање на неговото семејство.

Во последниве месеци, светските медиуми пробаа да извлечат подетални информации од неговите поранешни колеги Жан Тод и Рос Браун, кои по посетата на Шумахер само кратко изјавија дека тој „сé уште се бори“.

Истото го потврдува и неговата менаџерка – Сабине Кем, нагласувајќи дека Шумахер „бавно се опоравува“.

Според неа, засега тој е неподвижен и не може да зборува, а за него се грижи тим од 15 лица, во специјално дизајнираниот медицински апартман во неговата вила во Швајцарија.

Неделните трошоците за неговата рехабилитација изнесуваат 154.000 долари.

„Задоволни сме што можеме да речеме дека тој полека напредува, ако се земе во предвид сериозноста на повредите. Ќе треба уште многу време и борба“, изјави Кем.

- Реклама -