„Прадедото“ на Porsche Mission E: Lohner-Porsche

Малкумина знаат дека првиот електричен автомобил е создаден пред два века, во далечната 1898 година, но за жал не доживеал потребен публицитет. Всушност ова е предокот на првиот модел на електромобил што го ласнира марката денес, сосем новиот Mission E.

порш1На крајот на 19 век, кога модерните машини на тркала стануваат тренд во градовите, не биле баш сите фасцинирани од прогресот. Новите мотори со внатрешно согорување кревале незамислива бучава, грмеле и чаделе, го загадувале воздухот… Меѓу скептиците бил и Јакоб Лонер, сопственик на K&K Hofwagenfabrik од Флорисдорф, близу Виена. Во 1898 година тој одлучил дека е крајно време да започне производство на навистина модерен автомобил, во кој ќе бидат вградени последните технолошки достигнувања, за потребите на истакнати клиенти. Лонер имала за што да се бори – меѓу видните личности се нашле имиња и од династијата на Хабсбурговците. Проблемот кој му пречел на австрискиот индустријалец е што моторите со внатрешно согорување биле исклучително примитивни, загадувачки и бучни за барањата на аристократијата. Затоа Лонер решава да се обрати за помош кон некој млад инженер со футуристички размислувања, кој требал да пристапи кон конструкцијата радикално. Тоа бил 25-годишниот студент во Царското техничко училиште во Рајхенберг, со име Фердинанд Порше. Во тоа време идната легенда на автомобилската историја врие од младински ентузијазам и не признава никаква друга моторна сила освен струјата. Гламурозната идеја била едноставна. Токму така, па брзо пристигнува  електричниот Lohner-Porsche.

порш2Порше создава конструкција, која децении подоцна ќе дојде и до Месечината во буквална смисла, но е оценета како неконвенцијална на стартот. Тој интегрира два електромотори во предните тркала на возило на таков начин што како статор се однесуваат оските, а самите гуми – ротори. Така отпаѓа потребата од трансмисија, полуоски, AWD погонска осовина, синџири, конектори и воопшто сите механизми за пренос на вртежниот момент. Поради драстично намаленото триење коефициент на корисно дејство на конструкцијата достигнува незамисливи за крајот на 19 век – 83 проценти. Кога Lohner-Porsche бил претставен за првпат пред публика на Светската изложба во Париз на 14 април 1900 година, автомобилскиот свет останува како погоден од гром. Фердинанд Порше своерачно ги демонстрира квалитетите на новото возило, го поминува растојанието помеѓу Версај и изложбената сала, за што му следи награда. Елекромобилот го вивнал инженерот во меѓународната автомобилска орбита. Јакоб Лонер пак добива над 300 нарачки уште во рамките на саемот и само за две години се претвора во милионер.

Премиерата на Lohner-Porsche е проследена со огромни наслови во медиумите, кои го нарекуваат возилото „револуционерно“ и „трасер на  иднината“…Секој од двата мотора на Lohner-Porsche развива врв моќ од 7 КЅ во период од 20 минути, а во нормален работен режим таа е еднаква на околу 2,5 КЅ. Енергијата ја обезбедуваат 44 батерии од по 330 ампер часови и напон од 80 волти, што овозможува автономија од 50 километри со едно полнење. Минималната брзина е 17 km/h, а максималната – 50. Автомобилот има електрична предна сопирачка, а во задната оска е монтирана механичка. Таму работи механизам кој спречува лизгање назад по нанагорнини. Тркалата се со дрвени краци. Батериите тежат 410 килограми, а предните тркала / ротори – 110 kg,  што ја објаснува исклучителната стабилност на Lohner-Porsche на патот. Во зависност од модификација, опремата и моќноста, електромобилот на Лонер и Порше чинел меѓу 10.000 и 35.000 австро-унгарски круни, многу пати повеќе од обично возило.

Богатите, познатите и аристократите моментално се заљубуваат во Lohner-Porsche. Сопственици на моделот стануваат индустријалецот Јулиус Мајна, Емил Јелинек, конкурентите од Panhard-Levassor, принцот Егор фон Форсштенберг, пионерот на киното Лудвиг Штолверк, банкарот барон Натан Ротшилд, принцот Макс Егон фон Торн… Но, поради високата цена интересот на клиентите започнува да се намалува, па бизнисменот го продава патентот на претставникот на Daimler во Ница, Емил Јелинек, татко на Мерцедес, по чија ќерка е името на една од најпознатите автомобилски марки.

порш3

Децении подоцна НАСА го користи концептот на генијалниот конструктор за свое вселенско возило. Неговите електрични мотори се интегрирани во тркалата.

Автоплус

- Реклама -