Како се градеше најголемата ветерница во светот

Сé повеќе преминуваме кон комплетно обновлива енергија и постојано развиваме нови можности поголемо колектирање на зелената енергија, а со тоа развиваме и нови технологии, кои ете – сега овозможуваат градење на сé поголеми соларни фарми и ветерници.

Енеркон е германска компанија што произведува ветерни турбини, а воедно и производителот што ја создаде најголемата и најмоќната ветерница на пазарот. Висока е 125 метри, а турбината Е-126 е способна да генерира неверојатни 7.58 мегавати по турбина. Ако сакате една ваква во вашиот комшилук, ќе ви требаат околу 14 милиони долари – цена во која не се вклучени трошоците за инсталација. Првата фарма од вакви ветерници е изградена во 2010-тата, кога беа поставени 11 од моделот Е-126, кои и денес генерираат енергија за повеќе од 55.000 домови.

Креирањето на толку голема машина изгледа просто неверојатно. Прво се финесите кои се потребни за да биде наместен роторот, па висината на која работат работниците, па… еден куп други работи. Самата основа на ветерницата тежи 2500 тона и е неопходна за да се спротивстави на големите сили креирани од ротацијата на перките. Видеото ги демонстрира деталите околу конструкцијата на една ваква ветерница, но и ја доловува големината и магнитудата во перспектива.

До 2012 постоеја 147 различни оперативни модели на ветерници, а со оглед на постојаниот развој на пазарот, денес има многу повеќе.

- Реклама -