Фелпс отсега ќе плива само на плажа

Најуспешниот олимпиец во историјата на Игрите, Американецот Мајкл Фелпс, вели дека веќе нема да стапне во базенот за да тренира и напорно да се подготвува, а ќе плива само на некоја убава песочна плажа.

Фелпс на Олимписките игри во Лондон стави крај на својата пребогата пливачка кариера, а сега сака да ужива во убавините на животот.

„Ако воопшто пливам, тоа ќе биде на некоја песочна плажа. Верувајте, поминав точно 20 години гледајќи ја линијата за старт на работ од базенот, скокајќи во водата и пливајќи најмалку по четири часа дневно. Веќе тоа нема да се случува, време е да го завртам листот и да почнам со новиот живот“ изјави Мајкл Фелпс.

Американецот заминува како најуспешен во историјата на Олимписките игри,со 22 олимписки медали, од кои 18 златни одличја.

- Реклама -