Home Спорт Фудбалски совет од Јохан Кројф

Фудбалски совет од Јохан Кројф

0
Фудбалски совет од Јохан Кројф

Dips%2080%20Road%20Johan%20Cruyff,%20Fury[1]

Познат како еден од најбрилијатните играчи во историјата, Кројф го усоврши оној вид на течна игра што го револуционизаше спортот во 1960-тите и 1970-тите. Денес, тој е славен и запаметен не само како атлета, но како филозоф на фудбалот, кој денес многумина го сведуваат на Јутјуб хајлајти и видеа од голови.

Следува еден извадок од програмата на Вашингтон Дипломатс, од 1980 година. По долгиот престој во Ајакс и Барселона, Кројф ѝм се приклучи на останатите светски ѕвезди на фудбалот и отиде да игра во северно-американската фудбалска лига (NASL), во 1979 година. Неговиот совет веројатно е наменет за младите фанови со цел да ги научи да ја ценат играта од повеќе аспекти, но воедно е и репер за тоа што се нарекува „тотален фудбал“ – тип на игра во чие дефинирање и популаризирање Кројф имаше голем удел додека беше капитен на успешните холандски тимови од 1960-тите и 1970-тите.

CeUz-8MVIAIultK[1]

„Секој играч на теренот ја има топката само 5 или 6 минути во натпреварот, затоа е многу важно да се гледа што прават фудбалерите кога ја немаат топката. ИСто така, сите прават грешки во фудбалот, па мораш да гледаш како фудбалерите надоместуваат за нивните грешки. Ако некој ја изгуби топката при лош пас или од друга причина, тимот што ја изгубил топката мора веднаш да се врати во одбрана; и потоа, кога повторно ќе ја освојат топката, мораат веднаш да одат во напад, и сето ова мораш да го направиш со 11 луѓе. Тоа е најтешкото нешто во фудбалот, секој мора да мисли и да го прави истото нешто. Она на што еден фан треба да внимава се различните ситуации. Убаво е да се гледа постигнување на голови, но за целосно да се разбере играта и да се едуцираат децата, тие мораат да ги знаат и другите нешта, нешта покрај постигнувањето голови. Луѓето на трибините можат да видат кога играч се движи во просторот кој бил искреиран и тогаш топката може да му биде подадена. Важното е да се гледаат играчите без топка, зашто најчесто се токму тие кои создаваат можност да биде постигнат гол“.

Видеово уште подобро го опишува кажаното:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here