Типот кој толку се испосра во тоалетот на авионот, што мораше принудно да слета!

avioniiii

Пред точно една година, еден тип толку многу го засрал тоалетот во авионот, што истиот морал принудно да слета. Ова беше апсолутен хит пред 12 месеци.  Ова стварно се случи, не е зафрканција. Авионот летал од Лондон за Дубаи, но по половина час морал да се врати.

Некој тип толку многу го оштетил нужникот што пилотот заклучил дека станува збор за ризик кој би можел да го загрози животот на патниците. Една службеничка од авиокомпанијата, која се претставила како Сара, рекла тогаш за БиБиСи: „Кога сте толку високо, кабината мора да биде под притисок кој не се менува, така што ова може да претставува голем проблем, бидејќи само 50 отсто од воздухот се рециклира и чисти“.

Еден патник кој поради овој инцидент чекал 15 часа за следниот лет за Дубаи, беше еуфоричен и гневен: „Лудница. Нашиот лет за Дубаи е вратен на Хитроу поради смрдливото гомненце во тоалетот“.

Ова гомно им го смени животот на некои луѓе,  на неколку луѓе им го уништи одморот, а на некој со тоа му почна медиумската кариера. За ова гомно се раскажуваше на големо.

Сепак, името на серкото и денес е мистерија.

Замислете како му е нему? И тоа ме мачи во последните дванаесет месеци, постојано, додека се обидувам да го направам профилот на оваа личност. Она што го имам заклучено досега е следното:

1.Што знам, кога мене би ме прашале, повеќе од сигурен  сум дека е маж. Мислам, навистина се обидувам да го усовршам мојот феминизам. А централниот дел на феминизмот е, се чини, не претпоставувајте дека мажите се одговор за сé. Толку е условено дека машкото мора да биде водач на екипата, или да се посере во авион. Затоа ние мораме да се здружиме против условената претпоставка, мораме да мислиме на пошироката слика. Ние мора да земеме предвид дека и жените се подеднакво заинтересирани за овој процес, можеби и повеќе од мажите. Но, во овој момент јас одбивам да поверувам дека некоја жена се има толку и така испосрано во авионот, па морале да го приземат. Имам влегувано и во машки и во женски тоалети низ скопските кафулиња. Ова е машко срање 100% сум сигурен.

2.Треба да се претпостави дека серкото имал ненормално активен дигестивен ден. Некој што страда од долготрајно пореметување на функцијата на какањето, поради која авионскиот нужник може да стане небезбеден по само десет минути, нема да се качи на седум часовен лет за Дубаи. Тоа сигурно ќе го избегне како варијанта. Ќе оди на одмор во Хрватска, никогаш ништо поегзотично од тоа. Сé што е на повеќе од еден час од дома е премногу опасно. „Злосторникот“ во овој авион, според мене, не очекувал дека ваква реакција од страна на неговото тело. Тој веројатно бил ненаспан, или нешто слично. Мора да бил кај некого на гости еден ден пред тоа и јадел некое полуживо пилешко. Не ни претпоставувал дека нешто вакво може да му се случи. Влегува во авионот и тогаш, тогаш нешто тотално невообичаено излегува од него, па морал да влета во вецето кое го нанишанил и го приземил авионот наредните 15 часа.

3.Би сакал да можам да го замислам моментот на страотната паника низ која сераторот морал да помине кога сфатил дека авионот не е опремен со работите потребни за чистењето на сето она што тој го исфрлил, и е за пофалба. На пример, дали има некој што чека пред нужникот? Фала богу знаете дека во еден момент вие мора да излезете од нужникот, а зад себе оставате гомно кое не може да се исчисти и нема каде да се сокрие. А надвор се луѓето. Можеби некои чекаат дури осум минути додека вие сте внатре, а имаат трпение за помалку. А вие седите внатре, во совршена тишина, додека осамената капка пот ви паѓа од носот. И чекате, во вашиот затвор од гомна, најдлабокото дно што сте го допреле во животот, чекате тие да се тргнат што подалеку од вратата на тоалетот.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

4.Како да се продолжи животот по ова искуство? Како воопшто ќе стигнете во Дубаи? Ќе се појавите следниот ден, еден ден подоцна откога требало, и секој што е на состанокот на кој вие присуствувате веќе знае за посраниот авион. Ве прашуваат во очај, дали сте биле во тој авион. Дали сте виделе кој се искењал? Вие нервозно се смешкате, со усиленото хахаха, не. И тогаш се обидувате да ја поминете таа сирота недела во Дубаи, на сонцето, песокот, луксузот, ама не можете. Не мжете да се опуштите доколку вецето ви е подалку од сто метри, не можете да заспиете, а да не се замислите повторно во таа загомнета коцка во авионот. Враќањето дома со авион е пеколот без гомна. И тогаш пристигнувате дома, до вашиот мил и драг тоалет, кога таму, ништо веќе не е исто. Сега се плашите, не можете да се исерете на раат. Да, страв ви е! Затоа што последен пат кога седнавте на шоља, го приземивте авионот. Ништо веќе нема да биде исто. Пеколов е со вас засекогаш.

И секој има право да каже застани малку. Шефе, абе ти сосема одговараш на профилот на серкото. Толку многу знаеш за мистериозната личност. А да не си ти малку паничар, и роден да прави срања?

Да, и многу повеќе. Ама не сум серко. Јас сум само човек кој поминал една цела година во обид да насели ментален простор во кој серачот може да живее, обидувајќи се да го разбере од внатре, од секој агол, од устата до анусот. Имам впечаток дека подобро го разбирам серачот отколку што тој самиот се разбира. Ако ги построиме сите луѓе што биле во тој авион на патот од Хитроу до Дубаи, и кога би ми дозволиле секој од нив да го погледнам во очи, веднаш би можел да кажам кој е виновникот. Би навлегол во болката и стравот во неговите очи и би кажал „да, ова е серачот. Овој човек се исрал во авионот“.

Мил серачу, ако го читаш ова, да знаеш дека сé ти е простено. Си згрешил тогаш, но сите ние правиме грешки. Пред една година си се посрал. Твоето гомно влијаеше на основните активности на авионот вреден неколку милиони, но сепак, тоа беше само гомно. Сите ние сереме. Сите ние грешиме. Оној безгрешниот, кој никогаш не испил некое пиво повеќе, па потоа изел зачинет колбас ноќта пред да се качи на интерконтинентален лет, нека го фрли првиот камен. Но биди ми во мир, ти авионски серачу. Препушти и` го гомното на вечноста.

 

- Реклама -