Голот на Бекам кој предвести голема ѕвезда

David Beckham, Manchester United

Се зборуваше дека кога Бекам пушта долга топка, таа ги отвара очите и самата го наоѓа соиграчот. Па и факт е дека кариерата ја заврши со 147 асистенции. Во кариерата настапуваше за Манчестер Јунајтед (1992-2007), Реал Мадрид, ЛА Галакси, Милан и ПСЖ.

Беше тоа првиот натпревар во сезоната 1996/97 од Премиер лигата, а Јунајтед играше против Вимблдон. Бекам за прв пат ја носеше 10-ката, која претходната сезона стоеше на грбот на Хјуз.

Манчестер веќе водеше со 2-0 кога бекам, ја оптегна ногата од точно половина терен и го совлата голманот на Вимблдон.

Овој гол, постигнат на 17 Август 1996 година, можеби ништо не му значеше  на Манчестер Јунајтед во тој момент, при водство од 2-0, но сигурно му значеше многу од аспект на тоа дека во нивните редови мирисаше на нов лидер, нова крв, нов херој и многу нови слатки успеси.

bekam

- Реклама -