Најважните модели на BMW во историјата

BMW[1]

BMW го прослави својот 100-годишен јубилеј.

BMW започна од 1916 година како Bayerische Motoren Werke, во која влегуваат три различни компании – Rapp Motoren Werke, Bayerische Flugzeugwerke(BFw) и Fahrzeugfabrik Eisenach. Секоја од нив беше специјализирана во производство на мотори и различни транспортни средства. Rapp Motorenwerke правела мотори за авијацијата, а BFw произведувала авиони, всушност таа е творецот на легендарниот Messerschmitt. Третата компанија – Fahrzeugfabrik Eisenach, била специјализирана во правење на автомобили. Првично фирмата стартува со велосипеди и оружје, но набргу потоа почна да прави автомобили. На крајот трите компании се здружуваат и така се појавува BMW AG.

Dixi – број 1

popup_149_1457684789-06-1Првиот автомобил, направен од BMW се појавува во 1928 година. Всушност тоа е Austin 7 под името Dixi. Подоцна тој беше преименуван во DA-1 3/15PS. DA значи Deutsche Ausgabe (германска верзија), а 3/15 покажува класа и коњски сили. Треба да се напомене дека Dixi и Austin 7 се едни од првите модели кои користат стандардни педали за гас, сопирашка и квачило.

328 – првиот спортски автомобил

popup_822_1457684798-06-2 (1)

BMW 328 е еден од првите спортски автомобили на марката. Од него се произведени 460 примероци, а од технолошка гледна точка овој автомобил е еден од најважните во историјата. Изградена е цевкаста рамка и располага со реден 6-цилиндерски мотор. Автомобилот освои голем број натпревари, во конкуренција на далеку помоќни конкуренти. Тој тежи само 830 kg, a моќноста му е 80 КС. Максималната брзина на 328 е 155 km/h, a се постигнува  благодарение на одличниот баланс помеѓу моторот и суспензијата.

501/502 – барокни ангели

popup_326_1457684806-06-3

Тоа е најраниот предок на „седумката“. BMW 501 е првиот автомобил на марката, продаван по Втората светска војна, а Германците го нарекуваат него и 502 „барокни ангели“. BMW 502 добива V8 мотор и во свое време е најбрзиот патнички седан во Германија. Моторот со зафатнина од 2,6 литри развива 100 КС, што овозможува развивање на максимална брзина од 160 km/h. Проблемот на моделот е високата цена, која ja ограничува сериозно продажбата. Генерално, сепак BMW 501/502 правaт сериозен чекор напред во однос на активната безбедност. Каросеријата е засилена значително, а резервоарот е поставен на над задната оска, за да се ограничи ризикот од пожар во случај на удар одзади.

Isetta – микрокар или фрижидер

popup_198_bmw-1000-11

Тоа е првиот модел во светот, кој успева да постигне потрошувачка од 3l./100 km. Интересно е дека тој не е развој на BMW, туку на италијанската компанија Iso. Баварците сепак добиваат лиценца за правење и така тој станува најпродаван автомобил со едноцилиндерски мотор во светот. Генерално Баварците произведуваат повеќе од 160.000 примероци, момент кога се заканува банкрот на компанијата и токму овие продажби го спасуваат BMW.

НОВА КЛАСА

Реинкарнацијата на компанијата започна токму со неколку модели кои се наречени „нова класа“. Со нив баварците стануваат познати во целиот свет и стекнуваат огромен број верни фанови. Првиот автомобил е 1500, седан со 4 врати и нов мотор M10 (M115). Верзии на овој мотор се произведува до крајот на 80-тите години на минатиот век, а од M10 се продадени повеќе од 3,5 милиони примероци. Имено, тој е во основата на моторите на болидите од Formula 1 на Brabham-BMW.

M1 – во соработка со Lamborghini

popup_276_1457684857-06-6

Легендарното М1 е првото BMW со централно поставеност на моторот, идејата за неговото создавање е на шефот на единицата BMW Motorsport – Јохан Нерпаш, а дизајнот е дело на работилницата Giugiaro. Идејата е возилото да биде произведен во соработка со Lamborghini, но поради финансиските проблеми на Италијанците, ништо од тоа.

M3 E30 – легендата во турингот

popup_812_bmw-1000-m30

Првото M3 е машина која нема потреба од реклама. Таа еволуираше постепено до најуспешниот автомобил во класата „туринг“ во голем број првенства, каде освојува победа по победа. BMW M3 E30 се разликува значително од стандардната „тројка“. Таа има друга суспензија, поинаков управувачки состав, друг систем за сопирање и трансмисија. Првиот мотор поставен на М3 е со индекс S14, а кај некои од тркачките верзии моќноста му достигнува до 385 КС. Стандардните опции M3 E30 развиваат меѓу 192 и 238 КС.

X5 – првиот кросовер

popup_764_1457684864-06-8

Првиот кросовер на BMW е Е53 X5. Тој е изработен во времето кога Баварците го преземаат Land Rover и одлучуваат дека е крајно време да влезат и во овој сегмент. Иако фановите на марката не го сакаат, кросоверот се продава во огромни количини. Денес BMW има сериозен спектар на кросовери. Со нивна помош Баварците се етаблираа како лидер во продажбата во премиум сегментот. За тоа помага и системот за погон на четири тркала xDrive.

Series 2 Active Tourer – нови хоризонти

popup_816_1457684884-06-9

Овој модел исто така и разбранува стратстите кај фановите на брендот, бидејќи е првиот  BMW со преден погон. И покрај тоа што е опремен и со систем за погон на сите четири тркала, основната верзија е со преден. Нешто што до неодамна звучеше како сквернавење за автомобилите на компанијата. Покрај тоа, овој модел има и поголем брат – Gran Tourer, со кој Баварците прават сериозен обид да влезат и во сегментот на мини-вановите.

i8 – современото срце на BMW

popup_943_1457684892-06-10

Ова е втор автомобил во оваа десетка, чиј погонски систем е сместена во средината. А всушност тоа е хибрид, кој може да се полни од електричната мрежа. Генерално моделот комбинира управливост на супер автомобил и импресивна економичност. Шасијата е од јаглеродни влакна, а вратите се првите за брендот во стил „крилја на пеперутка“.

Автоплус

- Реклама -