Home Спорт Најубедливата победа во историјата на репрезентативниот фудбал

Најубедливата победа во историјата на репрезентативниот фудбал

0
Најубедливата победа во историјата на репрезентативниот фудбал

Кога ке се каже „убедлива победа“ најчесто се мисли на 3:0, па и 4:0, 5:0 е веќе бруталност. Како би ја опишале победата од 31:0? Е со овој резултат, Австралија ја победи Американската Самоа на 11 април 2001 година, во рамките на квалификациите за Светското првенство 2002 година. Можеби поинтересно од  од самиот натпревар беше она што му претходеше на натпреварот.

australia-american-samoa

Австралија два дена претходно го победи Тонго со 22:0, додека главните играчи за мечот со Самоа се одмараа. Од друга страна, репрезентацијата на Самоа беше во голема неволја. Поради бирократијата (или поточно, проблемот со пасошите), само голманот на првиот тим, Ники Салапу, можеше да игра на овој натпревар. Да бидат работите уште полоши, играчите од младата репрезентација во тоа време имаа завршни испити во училиштата.

Последица – тимот беше составен од играчи со просечна возраст од 18 години, со три момчиња со по 15 години. На овој меч срушени се два рекорди: Победата од 31:0 е најубедливата победа во средба на две репрезентации во историјата на фудбалот. Арчи Томпсон постигна 13 гола, со што влезе во историјата како стрелец со најмногу голови на еден репрезентатривен натпревар. Уште две интересни нешта го одбележаа натпреварот.

Првото е дека Томпсон, кој го носеше бројот 20 на грбот, го постигна 20-тиот по ред гол за својата репрезентација, а другото е дека беше потребно да се замеша ФИФА за крајниот резултат. Имено, на крајот на натпреварот резултатот на семафорот изнесуваше 32:0…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here