Мортал Комбат, ама со научници

572057_90866[1]

Во животот сигурно сте играле Стрит Фајтер или Мортал Комбат, или и двете, трето нема. Секој што играл ваква „тепачина“ знае дека голем дел од вештината и борбата се должи на специјалните потези од типот напред – напред – доле – лево – нога и сите негови варијанти. Е, сега кога се потсетивте, замислете како тоа би изгледало ако на местото на безмилосните ликови од игрите застанат научници. Не било кои научници, туку најголемите од историјата: Дарвин, Хокинг, Тесла, Њутон, Кири, Ајнштајн, па дури и Питагора. Еве, на пример, играш со Стивен Хокинг, го претепуваш противникот со тркалата од количката и му правиш фаталити со црна дупка. Моќно, а?

Science Kombat е токму таква игра, посветена на бедес страната на големите мозоци. Ја изработува тим девелопери од Superinteressante Magazine, а  се очекува да излезе некаде во април. Во меѓувреме, илустраторот Диего Санчез изработи неколку 16-битни GIF-ови кои демонстрираат како ќе изгледаат „борците“ и дел од нивните специјални боречки финти.

Ај смеј речи дека не изгледа предобро, па да ти ја скршам кичмата со времепросторов.

- Реклама -