А оскаровската анимација Bear Story, ја ѕирнавте?

BEARSTORY1_0[1]

На толку слава и маркетинг околу филмовите номинирани за Оскар, публиката како по правило ги занемарува краткометражните анимирани филмови; и обично публиката е таа што губи.

Годинава, Оскарот за Најдобар краткометражен анимиран филм го доби иновативниотBear Story“.

Секој ден една мечка излегува на улица, за да ја раскаже приказната на својот живот, со помош на неверојен мини-театар во механичка кутија. За децата, тоа е само забавна претстава со необични кукли. Тие не ни претпоставуваат дека мечката всушност раскажува за својот живот, а раскажува една исклучително тажна и трогателна приказна…

Кога режисерот Габриел Осорио го доби Оскарот неделава, истакна дека Bear Story е инспирирана од вистински настан – во 1973 година неговиот дедо бил уапсен, на две години, а потоа – избркан од земјата и принуден да живее разделен од своето семејство во Чиле.

- Реклама -