22 возачи на автобус добиле џек-пот на лото, никој од нив не дошол на работа

dublin_bus[1]

Во петокот, 22 од возачите на компанијата „Даблин Бус“ од Фибсборо во Ирска, го освоија џекпотот на лотаријата
EuroMillions во висина од 23.845.060 евра. Следниот работен ден, во понеделникот, никој од нив не се појавил на работа.

„Никој од нив не дојде утрово на работа, но тоа не ни е проблем“, рече менаџерот на компанијата Герет Квин, кој не ја пропушти приликата да им посака среќа.

Националната лотарија потврди дека ги контактирала добитниците. На Твитер, напишаа:

„Океј, можеби не победивме на ЕП 2016, ама затоа победивме на EuroMillions! Во контакт сме со лицето кое го има победничкиот тикет“.

- Реклама -