Хонгконг го прослави Валентајн со 25.000 LED рози

light-rose-garden_140216_02-800x420[1]

Заборавете го Париз. Се чини дека Хонгконг претендира да биде новиот „Град на љубовта“.

Во саботата навечер, во паркот Tamar (зелен простор од 16722 метри квадратни, сместен во бизнис областа), кинескиот град постави блескава инсталација од LED рози, наречена „Light Rose Garden“. Составена од 25.000 LED осветлени цветоци, уметничката инсталација светна токму на време за да го пречека празникот на вљубените – Св. Валентајн. Минувачите беа воодушевени.

The Light Rose Garden е „чедо“ на Јунг Јонг Јин, кој за прв пат ја постави инсталацијата во Сеул, Јужна Кореја, во 2014-та. Тој и неговиот тим потрошија 6 месеци на поставувањето на секоја индивидуална 7-листна роза, но според реакциите, вредеше.

„Ја направив оваа LED градина бидејќи сакам семејства, пријатели и љубовници да доаѓаат во парковите и ноќе“, вели Јунг. Така и беше, огромен број луѓе дојдоа да се восхитуваат и да го прослават денот на вљубените во паркот.

Инсталацијата коинцидира и со кинескиот новогодишен „Фестивал на светлата“, кој трае до 22 февруари. Потоа, инсталацијата ќе биде пренесена во Сингапур.

- Реклама -