Брзината на звукот е премногу мала за Олимпијците!

Дали знаете зошто на Олимпијадата повеќе не се користи старт пиштол?

Очигледно брзината на звукот е многу мала па атлетичарите кои се најдалеку од судијата имаат задоцнет старт, дури и со помош на дигитални звучници. Долго време звукот на пиштолот беше пуштан низ звучник зад секој атлетичар во истиот момент на истрелот, но тие сепак го чекале звукот од пиштолот.

„Реакцијата на Мајкл Џонсон беше 440 илјадити делови од секунда. Нормално атлетичарите стартуваат помеѓу 130 и 140 илјадити делови од секунда“ изјавил Питер Хурцелер од OMEGA. „Па го прашав, зошто има толку лош старт.“ Очигледно Џонсон трчал на деветтата позиција и звукот на пиштолот стигнал до него подоцна од останатите атлетичари.

Четири десетинки е огромно задоцнување за спринтер, што станува особено лудо кога ќе сфатите дека тоа задоцнување настанува бидејќи истрелот на пиштолот стигнува подоцна до увото на спринтерот иако се работи за растојание од само околу 20 метри. Почнувајќи од Олимпијадата во Ванкувер во 2012, OMEGA се префрли на сегашниот „тивок“ пиштол, бришејќи ја разликата од неколку десетинки помеѓу првиот и дветиот спринтер. [The speed of sound is too slow for Olympic athletes]

- Реклама -