Ѓоковиќ и Федерер за нова полуфинална класика

 

noleejj

Откако двајцата најголеми ривали убедливо ги добија четврт-финалињата на првиот Гренд Слем во 2016 – Аустралиан Опен, ќе ги одмерат силите во првото полуфинале од овој турнир.

Ветеранот, кој е во феноменална форма денеска го збриша Чехот, Томаш Бердих со 3-0 во сетови и тоа (7-6,6-2,6-4), со што прв си ја резервираше картата која важи само за најдобрите четворица тенисери.

Втор, веднаш до Швајцарецот, си обезбеди место рекетот број еден, Новак Ѓоковиќ кој го нокаутираше Кеј Нишикори, исто така со 3-0 во сетови (6-3, 6-2, 6-4).

Ова ќе биде 45-тото одмерување на силите на двајцата најдобри тенисери на денешницата (во моментов е 22-22).

Со оглед на играта на двајцата тенисери, убедени сме дека првото полуфинале ќе биде празник за очи.

Втората полуфинална двојка во моментов зависи од дуелите Ферер – Мари и Монфис – Раониќ.

За Федерер ова ќе значи и 12 полуфинале на Аустралиан Опен, што претставува апсолутен рекорд во тениската опен ера.

Од друга страна, првиот тенисер на светот, ја брка 6-тата титула на Австралија.

Федерер-Бердих

Ѓоковиќ-Нишикори

- Реклама -