Вечната табела во Англија, Јунајтед ни во првите три!

Неколку интересни факти за вечната табела на Англиското првенство. Екипи кои обележале фудбалски ери, најтрофејни тимови, вкупно освоени бодови од 1888 до денес.

Сите сме сведоци на доминацијата на Манчестер Јунајтед од основањето на Премиер Лигата до денес. Но, каква е состојбата на вечната табела од 1888 година до денес?

Големиот Манчестер Јунајтед, убедливо најтрофејниот и најуспешниот клуб, од основањето на Премиер Лигата со 13 освоени тиутли е дури на 4-тото место на вечната табела.

Земајќи ги предвид бројот на титулите, бодовите, одиграните натпревари и постигнатите голови, во периодот од 1888 година до денес, пред црвените ѓаволи се наоѓаат Ливерпул, Евертон и Арсенал, Астон Вила е нешто подолу (петто место), но само по бројот на освоени бодови, не и одиграни натпревари.

Од кога се одвоија 22-та клуба на крајот на сезоната 91/92, предводени од тогашниот шампион Лидс Јунајтед, од „Фудбалската Лига“ и се формираше денешната „Премиер лига“, доминацијата му припаѓа само на еден клуб – Манчестер Јунајтед. Ваква доминација, во повеќе од 100 години англиски фудбал е видена само два пати претходно.

На крајот на 19-тиот век и почетокот на 20-тиот, прва загосподарува Астон Вила, па Ливерпул од средината на 80-тите до почетокот на 90-тите.

Интересно, од сезоната 1888/89 и трофејот на „Престон Норд Енд“, ниту еден клуб не успева, да не испадне од најелитното натпреварување во Англија. Најмногу сезони во ова натпреварување има играно Евертон (110), а најмногу во серија има Арсенал (88).

Евертон не настапува во елитната конкуренција, единствено во сезоната 1930/31 и во периодот помеѓу 1951 и 1954.

Сепак најуспешниот клуб во Англија е и понатаму Ливерпул со 3.969 одиграни натпревари, 6.511 освоени поени и 18 титули кои ги освојуваат до распадот на „Фудбалската лига“. Втор е сината половина на Мерисајд, Евертон кој има повеќе одиграни натпревари, дури 4352, но помалку бодови 6415 и 9 тиули.

На трето место е Арсенал со исто одиграни натпревари колку и Ливерпул, но 105 бода помалку, па дури на четвртото место се наоѓа Манчестер Јунајтед со 3.612 натпревари, 6.050 поени и седум титули до формирањето на „Премиер лигата“, кога започнува династијата наречена Сер Алекс Фергусон за тотал 20 на Јунајтед.

Во првите десет на вечната листа на прастарото Англиско натпреварување се уште и Астон Вила, Манчестер Сити, Тотенхем, Њукасл, Челси и Сандерленд. Единствено ФА купот е постаро натпреварување од „Фудбалската лига“ на Англија.

NIKOLA ANTIC, VUKAN SAVICEVIC, MIHAILO RISTIC, PREDRAG RAJKOVIC golman fudbaleri Crvene zvezde okupljanje pocetak priprema trening na stadionu Crvene zvezde, Beograd, 08.01.2015. godine Foto: Marko Metlas Fudbal, Crvena zvezda, Okupljanje, Pripreme

Првите фудбалски правила се запишани во Англија, 1863 година, прв клуб е Шефилд ФК, основан е на 14 Октомври 1857, а прв професионален е Нотс Каунти 28 Ноември 1862. Шефилд ФК денеска се натпреварува во 8-миот ранг, а Нотс Каунти во третиот.

Потоа е формиран најстариот сојуз на светот „Фудбалска асоцијација“, па најстарата репрезентација на светот, Англија.

Следниот чекор бил формирање на ФА Купот, за 1888 година да биде одигран и првиот шампионат.

Шампионатот прв го освојува Престон Норт Енд (две години по ред), па Евертон (два пати)… Ливерпул освојува прва титула во 1901 година, Манчестер Јунајтед 1908, а Арсенал дури 1931 година. Последен освојувач на „Фудбалската лига“ е Лидс Јунајтед.

Фудбалска лига титули

Ливерпул 18
Арсенал 10
Евертон 9
Астон Вила 7
Манчестер Јунајтед 7
Сандерленд 6,
Њукасл 4
Шефилд Венздеј 4

Премиер лига титули

Манчестер Јунајтед 13
Арсенал 3
Челзи 4
Манчестер Сити 2
Блекбурн 1
Ливерпул 0

Вкупно

Манчестер јунајтед 20
Ливерпул 18
Арсенал 13
Евертон 9
Астон Вила 7
Сандерленд 6
Челси 5
Њукасл 4
Манчестер Сити 4
Шефилд Венздеј 4

Информациите се однесуваат на периодот пред почетокот на сезонава.

- Реклама -