Повеќе го сакаме Зидан

ronaldoddsf

Роналдо беше видно задоволен од победата на Реал Мадрид од 5-1 против екипата на Спортинг Хихон, па во име на целиот тим рече дека многу повеќе им одговараат тренинзите со Зинедин Зидан, отколку со Рафаел Бенитез. „Повеќе ни одговара начинот на работа со Зидан. Тој го врати стариот Реал Мадрид, навистина го крена тимот. Тренинзите се работат на повисоко ниво, нешто слично како со Анџелоти. Морам да напоменам дека како тим, никогаш не сме правеле завера против Бенитез. Едноставно, се чувствуваме подобро и посплотено со Зизу“, изјави Кристијано Роналдо.

Еве малку од тренингот на Зизу

Следната недела Реал и` гостува на Севиља, па да видиме дали нивната импресивна игра ќе продолжи и на гости.

Хајлајтс со Хихон

- Реклама -