Новиот конкурент на Tesla се појави пред публиката

749_FF-470-1

Автомобилскиот свет ќе се промени. Во ова се убедени луѓето од новата марка Faraday Future, која го претстави својот прв производ на саемот за електроника CES во Лас Вегас, САД. Тој е целосно електричен има за цел да ја најави идната палета на производителот.
Предметниот модел е само концепт и го носи името FFZero1. Тој веројатно никогаш нема да се појави во сериско производство, но пак дефинитивно успеа да го привлече вниманието на автомобилскиот свет, докажувајќи ги високите амбиции на младиот производител.


Машината користи целосно карбонска шасија и каросерија, кои ќе се користат и за идните сериски модели на компанијата. Тие ќе претставуваат машини од сегментот на седани, кросовери и хечбеци. Предметните автомобили на Faraday Future ќе се појават на пазарот како конкуренти на Tesla.


Токму од Tesla е комплетиран и тимот на Faraday Future – Ник Самсон, Даг Рекхорн, Ален Чери, Том Весар, кои беа на раководни позиции во брендот со седиште во Калифорнија. Во моментов нема конкретни информации за идната палета на Faraday Future. Компанијата сепак најави дека започна изградба на фабрика во Невада, во која ќе бидат инвестирани една милијарда долари.


Колку до спортската машина, која се појави на саемот во Лас Вегас и го доби прекарот „електричен Бетмобил“, користи четири електрични мотори, лоцирани во центарот на четирите тркала. Нивната вкупна моќност е 1000 КЅ, што овозможува спринт до стотка за околу 3 секунди. Максималната брзина на движење достигнува 320 km/h. FFZero1 е опремен и со систем за автономно движење, кој може да работи како во сообраќајни метежи, така и на пат, откриваат од компанијата.


Автоплус

- Реклама -