И така го засрамија цел свет

afrika-foto-profimedija-1452771980-823975

Приказна што кружи на интернет зборува за еден антрополог кој им предложил игра на децата од едно племе во Јужна Африка. Имено, тој ставил корпа полна со овошје покрај едно дрво и им рекол на децата дека оној кој прв ќе дотрча до корпата ќе го освои овошјето.

Децата ја прифатиле играта. Меѓутоа, кога им дал знак да започнат да трчаат, сите деца се фатиле за раце и трчале заедно, а потоа седнале околу корпата и заедно уживале во овошјето.

Кога изненадениот антрополог ги прашал зошто трчале заедно кога еден од нив можел да победи и самиот да го освои сето овошје, тие му одговориле:

„Како еден од нас може да биде среќен, ако останатите се тажни?“

- Реклама -