Home Култура Книги 10-те правила на Ниче за добро пишување

10-те правила на Ниче за добро пишување

0
10-те правила на Ниче за добро пишување

nietzsche_thoughts

Пред ерата на „33 најсмешни мачки на Интернет“ и „Нема да ви се верува дека ова и она“, и пред ерата во која „писателите“ се опседнати со правила и совети за тоа како да бидат писатели, на пишувањето се гледаше многу поискрено. Од тоа време е и кратката листа што големиот мислител на нихилизмот и преиспитувач на моралот – Фридрих Ниче, ја напиша за една пријателка.

Во серија на писма од август 1882-та, напишани за неговата невозвратена љубов Лу Андреас-Саломе, Ниче составува кратка листа со свои гледишта за тоа како треба да се пишува:

1. Од најголема нужда е животот: стилот треба да живее.

2. Стилот треба да е прилагоден на специфичната личност со која сакаш да комуницираш.

3. Прво, човек мора прецизно да одреди „тоа и тоа сакам да кажам и да презентирам“, пред да може да пишува. Пишувањето мора да е мимикрија.

4. Бидејќи пишувачот ги нема на располагање сите средства што ги има зборувачот, нужно е за неговиот модел да има многу експресивен вид на презентација; пишаната копија ќе изгледа многу „побледо“.

5. Изобилието на животот се самооткрива преку изобилието на гестовите. Човек (што пишува) мора да научи да чувствува сé – должината и одолговлекувањето на речениците, интерпункциите, изборот на зборови, паузите, редоследот на аргументите – исто како што ги чувствува гестовите.

6. Биди внимателна со точките! Само луѓето што имаат долготраен здив додека зборуваат се достојни за точки. Кај повеќето луѓе, точката е резултат на преправање.

7. Стилот мора да докаже дека пишувачот верува во идејата; не само дека ја мисли, туку и дека ја чувствува.

8. Колку поапстрактна вистина човек сака да предаде, толку повеќе мора да ги владее речениците.

9. Стратегијата на добриот писател на проза се состои од тоа да избере средства со кои ќе се доближи близу до поезијата, без никогаш да стапне во неа.

10. Не е учтиво, ниту умно, да го лишиш читателот од најочигледните забелешки. Многу е учтиво и многу е умно да оставиш на читачот сам да ја искаже крајната суштина на твојата мудрост.

Инаку, Лу Андреас-Саломе била авторка и психоаналитичарка која Ниче ја сметал за една од надарените студенти. Наводно, ја побарал за жена само два месеца откако се запознале. Меѓутоа, Саломе не е единствената жена што ја одбила неговата љубов – наводно, брковите на Ниче ги одбивале жените, а и сифилисот што го фатил додека бил на колеџ не му помогнал баш многу. Листата доаѓа од книгата „Ниче“, што Саломе ја напишала долго откако завршило нивното пријателство.

nietzsche-whip[1]
Познатата фотографија на Саломе (лево), Ниче (десно) и нивниот пријател Пол Ри.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here