Јапонски воз вози секој ден поради една патничка

Во едно мало место на јапонскиот остров Хокаидо, на железничката станица веќе со години чека само еден патник. Се работи за ученичка која секојдневно патува до своето училиште.Така, возот има задача да застане два пати на местото – еднаш кога девојчето оди на училиште и следниот пат кога се враќа дома.

Voz-japan-10-620x350

Компанијата “Јапан Релвејз” веќе три години функционира на територијата на целата земја, но бројот на патници на станицата Ками – Ширатаки драстично се намалил. Причината за тоа е оддалечената локација, но и намалената потреба за услугите на товарните возови.

Компанијата се подготвувала да ја затвори станицата, но тогаш откриле дека секој ден ја користи една ученичка. Така била донесена одлуката да ја зачуваат релацијата додека девојчето заврши со образованието. Компанијата дури и го прилагодила возниот ред во согласност со распоредот на ученичката.

Voz-japan1

Таа би требало да заврши со образованието до март оваа година, па дури потоа железничката станица ќе биде затворена.

Многу Јапонци и упатија на владата во Јапонија пофалби поради препознавање на важноста на образованието и потребата да биде приоритет во земјата.

Voz-japan-091

– Зошто не би го дал својот живот за оваа земја кога владата е подготвена да отиде чекор понатаму за мене? Тоа значи дека секој граѓанин е важен, никој не е оставен на страна и препуштен на самиот себе, гласи еден од коментарите на оваа вест на социјалните мрежи.

Погледнете го и видеото.

- Реклама -