Како звучеше среќата пред повеќе од 15 години?

Кој не се сеќава на звуков мора да е роден минимум после 94-тата година. Доаѓаш дома, пушташ ТВ, чекаш твоите да си легнат, ги затвараш сите врати, некои ставаа и маици и дуксови под врата, само за да не излезе звукот од соба или дневна, и да не стигне до ушите до твоите… зошто ако те начујат, или јадеш ќутек или си ја плаќаш сметката за телефон од смешниот џепарац. Ееее, вака звучеше среќата пред 15+ години…

- Реклама -