Зошто во Копенхаген имаат речиси совршена вода?

Ако живеете во мегаполис кој е населен со луѓе колку што има во половина Македонија, најверојатно нема да се осмелите да пливате во одводните води на градот?

Ако сте во Скопје, одговорот ќе биде “нема шанси”, но ако сте во Копенхаген, главниот град на Данска со население од 1,2 милиони луѓе – град полн со канали и практично опкружен со вода – скокањето во водите од пристаништето може и да не звучи толку како лудило. Водата во Копенхаген е безбедна и е дел од секојдневниот живот на градот.

Во 2002 година е откриена првата од четирите “пристанишни бањи”, која се наоѓа во раздвижениот центар на Бриг. За локалните пливањето во водите на пристаништето е сосема нормална акција, но оваа практика е новина и не било секогаш така.

Во 1995 година одводните води на градот изобилуваат од истурена нафта, индустриски отпад и алги. Тоа категорично го прави невозможно пливањето во водата. Неколку децении порано – во 60-тите години на 20 век, во близина на Копенхаген честа појава се труповите на мртви морски видови. За да ја направи водата целосно безбедна за жителите на градот, локалната власт вложи 3 милијарди дански круни, или 440 милиони долари. Отпадните води се пренасочија, се изградија бариери и подземно водно складиште.

Ризиците од загадувањето сепак остануваат присутни и денес. Еден од нив се јавува при силни бури кои можат да ја преплават канализацијата со одводни води и да биде загадено пристаништето. Добро создадениот алармен систем функционира, за да се минимизира ризикот и е формиран од приватна данска компанија. Системот предупредува кога нивото на водата ќе се зголеми драстично или пак тогаш кога се приближува силна бура. Сите жители во градот добиваат порака на својот мобилен телефон дека пливањето во пристаништето е забрането привремено.

Ким Дорф живее од 18 години во Копенхаген. Редовно се капе во водите на градот во текот на летото. Никогаш не почувствувал проблеми поради својата навика. Не слушнал ниту еден од неговите познаници да се пожали на квалитетот на водата.

Овој начин на размислување не е поединечен случај за Данците. Копенхаген ужива исклучително чиста вода од чешма, која тешко може да биде загадена. Иако градот е стар, состојбата на цевките не е секогаш оптимална и во населеното место се развива индустриска и деловна активност, сепак според властите водата за пиење е повеќе од заштитена. Основна причина за ова е тоа што водата од чешма е изведена од исклучително добро заштитени подземни резерви, од кои некои се наоѓаат под самата престолнина. Водата од чешма е толку чиста што е подобра од флашираната, вели Мортен Кабел – гувернер за  технолошки и еколошки прашања.

За Дорф пиењето на вода од чешма е меѓу работите кои му недостигаат кога патува надвор од градот и земјата. Тој толку е навикнат со безбедната вода во Копенхаген што му делува необично да си купува вода.

Еко размислувањето во Данска не е еден неодамнешен феномен. Уште од 70-тите години на 20 век почнуваат масовни настани за воспитување на населението да ги влече умерено природните ресурси. Станува збор како за водата, така и за електричната енергија.

- Реклама -