Зизу нов тренер на кралевите!

zinedine-zidane

Флорентино Перез потврди дека Зинедин Зидан е новиот тренер на Реал Мадрид. Денеска претседателот на „кралевите“ и официјално излезе на прес-конференција во која го најави новиот тренер, а воедно и му се заблагодари на стариот – Бенитез, за професионалното и посветеното вршење на својата функција.

„Зизу отсекогаш си знаел да одговориш на фудбалските предизвици, ова е твој стадион, твој клуб и ја имаш нашата безрезервна доверба“, изјави Перез.

Зидан ќе има полни раце работа, имајќи предвид дека „кралевите“ се наоѓаат на третата позиција со 37 бода, два бода помалку од Барселона која има и натпревар помалку, и 4 бода до Атлетико Мадрид, а Виљареал е на само бод под нив. Во осминафиналната фаза од Лигата на шампионите гостуваат кај Рома.

Исто така треба да ги реши и недоразбирањата кои во последно време се присутни во тимот, особено последното, помеѓу Рамос и Роналдо.

 

 

 

 

 

- Реклама -