Останете “ладни“ и при големи горештини

Како што температурата и влажноста на воздухот се зголемуваат, така се зголемува и ризикот од болести поврзани со топлината.

Особено внимателни треба да бидат луѓето со хронични болести, постарите лица, малите деца и бебињата. Американскиот центар за превенција и контрола на болести ги дава следните препораки за “ладење“ на телото за време на топлотните бранови:

  • Останете во климатизирани простории колку што е можно подолго.
  • Пијте многу течности во текот на денот.
  • Носете лесна и широка облека со светла боја.
  • Нанесете заштитен крем за сончање.
  • Бањајте се со ладна вода.
  •  Обратете внимание на временската прогноза и советите од лекарите.
  • Никогаш не го оставајте своето дете во возило.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -