Три дена без автомобили на улиците во Милано?

Градските власти на Милано одлучиле да го забрант сообраќајот за автомобили на 28,19 и 30 декември во рамките на борбата против загадувањето, кое деновиве ги надмина дозволените граници.

Имено, забраната ќе важи за од 10 до 16 часот за сите приватни возила, вклучувајќи ги и мотоциклите, прецизираат од Градот. Веќе е подготвена и „анти-смог“ карта на која се обележени улиците каде не смее да се управуваат возилата, а за оние кои мораат да стигнат на одредено место им се нуди јавниот сообраќај, каде билетот чини само 1,5 евро.


Инаку, загадувањето се зголеми последната недела во сите поголеми италијански градови, поради недостаток ма дожд. Ломбардија ги повикала сите локални власти да се откажат од новогодишниот огномет, за да не се влоши и така критичната сосотојба. Во Рим веќе функционира алтернативното користење на автомобилите, според системот пар-непар. Градските власти во Рим се надеваат дека школските празници се добредојдени и секако ќе ја подобрат ситуацијата, а и тие не ја исклучуваат можноста на потполна забрана на сообраќајот.

- Реклама -