Најдобрите идеи доаѓаат на “чаршафи со коцки”

Неколку пијачки во најблиската кафеана или во бар и дури навидум најлудите идеи ќе почнат да ви се чинат значајни. 

Еве неколку примери зошто треба да ги резонираме посериозно идеите фрлени на маса.

kafana-druga-kuca-09

Southwest Airlines

Во 1966 година претприемачот Ролин Кинг поседувал мала воздушна линија во Сан Антонио. Тој и банкарот разговарале за нејзиното проширување, по што се сретнале со адвокатот Херб Келехар во еден бар, за да ги утврдат деталите. Правците на идната авиокомпанија биле одбележани на салфетка.

Фонтот на кредитните картички

Така испишаните букви и бројки денес се наоѓаат на речиси секоја позната дебитна и кредитна картичка. Фонтот е измислен од Дејвид Шепард во барот на хотелот “Волдорф Асторија”. Тој се вика Farrington B и стана традиција.

Расказ “Подарокот на мудрецот”

Некои од најдобрите литературни дела се напојуваат со алкохолни испарувања. Само прашајте го Вилијам Портер, познат по псевдонимот О. Хенри. Тој во 1905 година не станал од столчето во еден бар, додека расказот не бил завршен.

Квидич

Џ.К. Роулинг го измислува овој брутален спорт во еден бар по скандалот со своето момче. “Длабоко во себе сакав да видам како некој го мава во лицето”, изјави тогаш писателката.

Филмот “Неколку добри мажи”

Кога започнал да го пишува сценариото на “Неколку добри мажи”, Арон Соркин не само што пиел пијачки, туку и ги сервирал. Сценаристот работел во бар и ги запишувал своите идеи на салфетки.

- Реклама -