Американците подготвени да ја бомбардираат Аграба

agraba

Кога станува збор за тоа дали треба да се бомбардира арапското кралство Аграба, мислењата во Америка се поделени. На прашањето дали би поддржале бомбардирање на Аграба, потврдно одговориле повеќе од 30% од испитаниците – симпатизери на Републиканската партија и 19% од приврзаниците на Демократската партија. Најголем дел од испитаниците одговориле со „не сум сигурен“, а само 13% кај републиканците и 36% кај демократите одговориле „против“.

Поентата на анкетата беше испитување на јавното мислење по однос на исламските земји. Паралелно со ова, имаше и други прашања, како на пример дали џамиите треба да бидат срушени, и дали муслиманите во Америка треба да бидат регистрирани.

Како и да е, има еден мал проблем: Аграба е измисленото кралство во кое живее Дизниевиот цртан јунак – Аладин. Јес да Џафар е злобно копиле и заслужува по некоја бомба, ама малку е глупаво Американците да му се лутат до толку што би испратиле вистински авиони да го нападнат неговиот дворец. Сеедно, колку и да се резултатите пресмешни, зборуваат дека Американците милуваат да го кажат своето мислење дури и кога е страшно погрешно и не се запознаени со проблемот. Тоа пак води кон подготвеност да се поддржи кампања за бомбардирање на земји од Дизниеви цртани филмови, и тоа само заради арапскиот призвук на Аграба, во случајов.

Инаку, анкетата е спроведена од Public Policy Polling – онаа иста компанија со добра смисла за хумор, која на една анкета за Северна Каролина, меѓу кандидатите го „понуди“ и Deez Nuts; кој не ја знае фората, тоа е 🙁

- Реклама -