Не купувајте авионски карти во петок

Најлошиот ден за купување на авионски билет е петок. Ова го јави The Independent, повикувајќи се на анализа на цените на глобално ниво.

Airplane_01

Истражувањето покажува дека во последниот ден од работната недела вредноста на билетите е за 13% поскапа од онаа во недела.

Најверојатно причината за тоа е тоа што луѓето најмногу патуваат за време на викендите.

Според експертите, патниците во Европа добиваат најниска цена за билетите, доколку ги резервираат 140 дена порано.

- Реклама -