15 декември – светски ден на чајот

На денешен ден од 2005 година па наваму, земјите производители на чај го одбележуваат Меѓународниот ден на чајот.

chaj
Идејата за овој неофицијален празник за прв пат се дискутира на Меѓународниот социјален форум кој се одржува во 2004 година во Мумбаи, Индија. Година потоа прашањето повторно се покренува од Центарот за Образование и Комуникации на годишниот состанок на Форумот во Порто Алегре, Бразил. Тогаш е донесена одлука датумот 15 декември да биде прогласен за Меѓународен ден на чајот.

Целта на овој ден е да се привлече вниманието на јавноста кон проблемите поврзани со производството и неговата трговија. Главниот страв на производителите на чај е агресивната политика на големите корпорации кои ги откупуваат суровините по многу ниска цена. Освен економска, иницијативата има и својата општествена цел – промоција на чајот како напиток.

Изборот на датумот исто така не е случаен. На 15 декември е прифатена “Светската декларација за правата на работниците во чајната индустрија”, а на 16 декември 1773 година во Бостон американските колонисти фрлаат во морето голема количина со цеден англиски чај, со што го означуваат почетокот на борбата за независност во САД.

Најширока популарност и признание на иницијативата има во Индија и Шри Ланка, каде се организираат специјални настани за одбележување на денот. Другите држави, во кои се слави, се Бангладеш, Непал, Виетнам, Индонезија, Кенија, Малезија, Уганда и Танзанија.

чај

Знаете ли дека …

Во различни земји чајот се конзумира многу поразлично од она на кое што сме ние навикнати.

– Во Индија чајот се пие со млеко. Освен тоа кон него се додаваат и различни зачини како ѓумбир, цимет или каранфилче.
– Во Шри Ланка преферираат ароматизиран чај. Обично изборот е меѓу вкусовите на чоколадо, манго, вишна, малина или јагода.
– Во Тибет додаваат млеко, сол, масло.
– Во Бурма прават салата од листовите на чајното дрво.
– Најчуден е начинот на подготовка на листовите е во Монголија. Таму тој се вари со ориз, месо, кнедли и стопена овча маст.
– Во Јапонија има цела посебна кафена церемонија, која секоја девојка треба да ја научи. Обуката трае три години, по што девојката добива различни мајсторски оценки.
– Во Русија кон пијалокот се додава мед, овошно слатко или шеќер.

- Реклама -