Мажи, писоари и математичари

Кој писоар да го фатите прв во јавен тоалет?

Понекогаш научниците како да немаат со што да се зафатат, па знаат да склопат по некоја бизарна студија како оваа за мажите и писоарите. Еве за што се работи. Група канадски математичари објаснуваат како мажите би го зачувале личниот простор при користење на писоар ако се наместат соодветно и ги почитуваат правилата за тоалетната етика.

pisoari

Чудното истражување е објавено на сајтот на универзитетот на Карлтон, Минесота, а го пренесе The Daily Mail. Научниците спровеле пресметки и според истите разјаснуваат дека најстратешка позиција во тоалетот е писоарот кој е позициониран што е можно подалеку од влезната врата.

Според нивните детални и научни пресметки ако мажот влезе прв и го зафати овој писоар, веројатно останатите кои ќе дојдат во тоалетот, ќе се наместат преку еден писоар од зафатениот.

Ова, велат,  би требало да овозможи повеќе личен простор и тоалетна етика, според која не смееле да се заземат сите писоари по ред, како и да се гледа кон “соседот” или да се разговара со него.

Покрај тоа, ако тоалетот е празен, стратешката позиција кај најдалечениот писоар ќе им помогнела на останатите посетители да се ориентираат во просторот.

Претходно слична студија спроведе истражувачот Доналд Кнат од Универзитетот Стенфорд, кој пресмета колку брзо завршува тоалетната хартија во јавните тоалети.

- Реклама -