Решете ја загаткава и станете Џејмс Бонд

Според британската разузнавачка агенција, емотивните божиќни честитки веќе се минато. Наместо на традиционален начин да посакаат среќа и здравје, тие на својот сајт објавија честитка со киптографски заплет.

„За граѓаните да го вежбаат својот мозок за време на празниците, Роберт Ханиган ја сподели официјалната честитка која вклучува сложен криптографски предизвик. Успешното решавање на оваа загатка ќе открие серија предизвици“, стои на сајтот на управата на британската влада за разузнавање и комуникации (GCHQ).

Кога успешно ќе ги завршат сите предизвици, учесниците до крајот на јануари ќе можат да го испратат својот конечен одговор на е-маил адресата која ќе им се прикаже за време на решавањето. На крајот. тие ќе изберат еден победник, кому ќе му биде доделена специјална награда.

zagonetka-fotogchq-1449750719-801303

Правила

Првата работа што морате да ја направите е загаткава да ја испечатите и да ги следите инструкциите на веб сајтот: „Секој квадрат е или црн или бел. Некои од црните квадрати се однапред пополнети. Секој ред или колона се обележани со низа броеви. Овие броеви ја индицираат должината на сите последователни црни квадрати, кои се прикажуваат во редовите и колоните. На пример, натписот “2 1 6 “, индицира на тоа дека во тој ред или колона постојат три групи од два, еден или шест црни квадрати, а секоја од нив има барем еден бел кој ги дели. Со среќа.

- Реклама -