Последниот гол број на Плејбој: Кој ќе биде на насловна?

Погледнете кој ќе биде на насловната страна на последниот “гол” број на Плејбој.

Памела Андерсон ќе се врати на насловните страници на списанието, кое ја направи ѕвезда. 48-годишната русокоса секс-бомба ќе биде последната гола жена на страниците на машката библија.

pamela111

Во октомври од списанието најавија дека ќе ја променат политиката и од март 2016 година повеќе нема да објават голи слики.

За Entertainment Tonight Памела Андерсон изјави дека добила повик од адвокатот на Хју Хефнер, кој ја убедил дека списанието не сака ниедна друга жена на последната гола корица, освен неа.

Поранешната Спасителка на плажата ќе се појави во убиствено секси фотографии на двојниот број за јануари и февруари.

Андерсон се сликала за Playboy во 1989, 1991, 1993, 1994, 1996, 1997, 1998, 1999, 2001, 2004, 2007 и 2011 година. Тоа се три децении на успешни корици.

Првите нејзините фотографии се појавуваат на Playboy кога има 22 години. Тоа ја претвора непознатата Канаѓанка во светска сензација за една ноќ.

- Реклама -