Славните плаќаат за да бидат ѕвезди

Знаете ли дека славните плаќаат по 30 000 долари, за одржување на ѕвездата на Булеварот на славните во Холивуд?

beha

Може не теоретски, ама практично – сигурно. Тоа оди вака, секоја година околу 24 личности добиваат своја ѕвезда на Булеварот на славните. Тие се избираат од Стопанската комора на Холивуд, но прво мора да бидат номинирани од некого. Право да номинира има секој – од новинар до богат фан. Ако соодветната ѕвезда биде избрана и прифати, оној кој ја предложил, треба да плати 30 000 долари. Со оглед на тоа што ретко кој се нафаќа да плати 30.000 долари за нечија ѕвезда обично работата си ја сценира самата ѕвезда која сака да го ужива холивудскиот гламур.

skarlet

Според Стопанската комора на Холивуд половина од износот оди за изработката на ѕвездата, а другата половина за одржување. Некои од најголемите личности во светот немаат свои ѕвезди. Меѓу нив се Џулија Робертс, Клинт Иствуд, Дензел Вашингтон и Ал Пачино.

- Реклама -