Бане на лето во Интер?

Branislav Ivanovic

Сè поверојатно е дека едниот од најдобрите одбранбени фудбалери во англиското првенство ќе го напушти својот клуб и ќе се пресели во Италија.

Бане Ивановиќ е подготвен да си замине од Челзи уште летово. Колку и сè да се чинеше беспрекорно минатата година, сега работите се малку променети. Челзи не игра на посакуваното ниво, а тоа се гледа и по табелата, па потребни им се промени.

Бане Ивановиќ изрази желба да најде клуб кој ќе му овозможи барем две годишен договор, а тоа во моментов му го нуди Интер.

Нема сомнеж дека Ивановиќ веднаш ќе се прилагоди на топлата Италија каде ќе го пречекаат: Љајиќ, Видиќ, Брозовиќ, Перишиќ и Хандановиќ.

 

- Реклама -